Компанијата „Пуцко петрол“ е во фокусот на јавноста поради конфискацијата на имотот на „Трансмет“ на Сеад Кочан за случајот „Труст“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Пуцко петрол“ најмногу во ќар од неуспешната конфискација на имотот на „Трансмет“
Истата е во сопственост на семејството на поранешниот градоначалникот на Пласница од редовите на ДУИ, Исмаил Јахоски, кој сега е пратеник на владејачката партија.
Сега компанијата ја води неговиот син, Асмир Јахоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е компанијата „Пуцко петрол“ која ги скара Антикорупциска и Обвинителството
еМагазин го разгледа анкетниот лист на Исмаил Јахоски, кој го доставил до Антикорупциската комисија кога станал пратеник.
Каков имот пријавил Исмаил Јахоски
Се што пријавил Јахоски е на негово име – деловен простор во Кичево, згради во Кичево, земјиште во Скопје и М. Брод, од кое дел е подарок, куќа во М. Брод, недвижен имот во Скопје за кој не навел што е, стан во Скопје.
Пријавил и бројни побарувања по основ на заем, приходи од закупнина, депозити, но и заеми.
Целиот негов поприлично долг анкетен лист ОВДЕ.