еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Александар Обедниковски, директорот на битолската болница кој поднесе оставка

Генералениот директор на ЈЗУ Клиничка болница-Битола, Д-р Александар Обедниковски, поднесе оставка од морални причини поради смртта на новороденче и шестгодишно девојче во болницата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорот на битолската болница Александар Обедниковски поднесе оставка

На негово место доаѓа Елизабета Ивановска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Елизабета Ивановска е новиот в.д. директор на битолската болница

еМагазин го разгледа анкетниот лист кој Обедниковски, го доставил до Антикорупциска комисија кога станал директор на болницата.

Каков имот пријавил

Според неговиот анкетен лист на свое име пријавил стан во Охрид, а на име на родителите куќа во Битола и стан во Скопје.

На име на родителите пријавил и два деловни простори во Битола, од кои едниот е од наследство.

Вози БМВ, а на име на родителите пријавил возило Форд.

Како личен имот пријавил побарување по основ на заем, на име на родителите приходи од рента, како и пари во банка, а на свое име пријавил и девизен депозит од 100 илјади евра.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Која е бугарската фирма “Scalefocus“ која ја изработи апликацијата за самопопишување на дијаспората

Редакција

Комбинирање на вакцините против Ковид-19 дава поширок имунолошки одговор, тврди доктор Грозданова

Редакција

„Ругање со Христос“ доби бесплатна реклама од Министерството за култура и Агенцијата за филм

Редакција