еМагазин
Image default
Македонија

Камчев нема да добие 1,5 милиони евра од Јанева и Боки 13

Бојан Јовановски, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, ниту пак државата нема да му исплатат 1,5 милиони евра на бизнисменот Орце Камчев, кој бараше солидарно да му ги надоместат, објави Фокус.

Оваа одлука ја донесе Основниот суд Скопје 2, односно судијата одлучил да го одбие тужбеното барање на Камчев, кој на суд си ги бараше парите кои наводно ги дал како рекет, поради што Јанева и Јовановски беа осудени на затворски казни.

-Тужбеното барање е одбиено во целост, бидејќи судот утврди дека тужителот немал својство на оштетен во кривичната постапка која се водеше претходно, туку имаше само својство на сведок, вели за Фокус, Лазар Јанев, син и адвокат на Јанева.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Милошоски по новата средба за иднината на СЈО: Власта не сака системско решение за ЈО

Редакција

Новинарката Катерина Гетева нова одговорна на Секторот за односи со јавноста во Министерството за здравство

Редакција

Генчовска денеска и утре во работна посета на Македонија

Редакција