еМагазин
Image default
Македонија

Канческа Милевска: Не бев уценувана, ниту уценував

По денешното рочиште за случајот „Тендери“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска, изјави дека никој не ја уценувал, ниту пак таа уценувала за да гласа за усвојување на уставните измени, предвидени со Договорот од Преспа.

Вели дека гласала по свое убедување и дека тоа може да го потврди и премиерот Зоран Заев.

Случајот „Тендери“ се наоѓа во доказна постапка. Во него првообвинета е Канческа Милевска за тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност од проектот „Скопје 2014“.

Според обвиниението, дел од градежните работи во Музејот се вршени во корист на правното лице „Бетон“ од Штип. Пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на Законот за јавните набавки, Канческа-Милевска преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон“ од Штип наложила да се продолжи со работа на Музејот, каде што се изведувале градежни работи по претходно склучен договор за јавна набавка.

Фото: Канческа Милевска/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на активни случаи на Ковид-19 по скопските општини

Редакција

Судот одобри куќен притвор за Јанакиески, Ристовски останува во затвор

Редакција

Струшкиот бизнисмен Ардијан Амзоски на распит за „Рекет“

Редакција