еМагазин
Image default
Македонија

Караџовски: Не бива да го пуштиме народот тивко да се имунизира

Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски во интервју за “Слободен печат“ меѓудругото го споделува и своето мислење за можноста да се стекнеме со колективен имунитет.

„Се обидоа тоа да го сторат и поразвиени и подемократски земји, но не успеаја. За да се создаде колективен имунитет треба да заболат 70 проценти од населението. Кај нас отприлика милион и четиристотини илјади граѓани.

Кој здравствен систем може да си дозволи толку позитивни, од кои 80 проценти по светски критериуми ќе бидат асимптоматски, а 20 ќе имаат клинички симптоми што е отприлика триста илјади луѓе.

Од нив пет проценти ќе имаат воспаление на белите дробови и ќе мора да се хоспитализираат. Тоа значи 20.000 кревети за нивна хоспитализација, а два проценти ќе мора да се стават на респиратор.

Која држава во моментов има 2.000 респиратори и толку болнички кревети само за болни од воспление на белите дробови? Затоа и Шведска, каде имаше 1.700 смртни случаи за една недела, ја промени политиката и алгоритмот на тестирање.

Ако Германија дозволеше создавање колективен имунитет, ќе требаше 63 милиони луѓе да се разболат, 12 милиони да бидат со тешко воспаление на белите дробови и 700.000 кревети за оние на кои ќе им требаше респиратор.

Значи, не бива тој систем, да го пуштиме народот тивко да се имунизира.

Целото интервју на „Слободен печат“, ОВДЕ.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пороен дожд, грмежи и засилен ветер денеска попладне

Редакција

По 24 години активно членство во СДСМ, Петровска се кандидираше за претседател

Редакција

Девет новозаразени со Ковид-19 во Дебар од 20 тестови

Редакција