Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски во изјава за ТВ21, информираше за подготовките на здравствениот систем за есенските денови кога се очекува коронавирусот, заедно со респираторните вируси, особено инфлуенцата, дополнително да ја зголемат потребата од капацитети на болниците, соопштуваат од Министерство за здравство.
Тој истакна дека Комисијата за заразни болести и министерот за здравство, Венко Филипче имаат подготвено план за проширување на болничките капацитети во 16 града со формирање на ковид болници за сместување, дијагностика и тријажа на пациенти со Ковид-19, со цел целосно да се одвојат од останатите пациенти.
„Направивме план од формирање на 16 болници, Ковид 2 болници, што е нешто слично со болницата којашто ја имаме на Инфективна клиника, во коишто ќе имаме сместувачки капацитети, ќе имаме дијагностички капацитети и капацитети за надзор и тријажа, со цел да не влезе пациент во клинички центар болен со Ковид,“ изјави Караџоски.
Дополнително тој информира дека се планира и зголемување на капацитетите за тестирање и дијагностика со вклучување на уште три институции во коишто ќе може да се прави дијагностика што ќе го зголеми дневниот капацитет за тестирање.
„Значи на сегашните 11 институции за дијагностика планираме уште три нови што со цел да добиеме уште 200 до 300 брисеви дневно, за да го зголемиме за процентот на брисеви и од 1.500 дневно можеби ќе дојдеме и до 2.000 на крајот на календарската година,“ изјави Караџоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
44,4% од новозаболените со Ковид-19 во Македонија рекле дека имале контакт со потврден случај
21 лица од новозаболените со Ковид-19 во Македонија патувале во странство
Најмногу новозаболени со Ковид-19 се на возраст од 50-59 години, 70 лица имаат до 19 години
Фото: Влада