еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Каракачанов: Не водиме инает, не можеме да правиме компромис за бугарската историја

Бугарија не може да направи никаков компромис со прашањата поврзани со бугарската историја и со идентитетот на сите оние луѓе кои ги нарекуваме дел од нашата заедничка историја, изјави бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов, коментирајќи ги денешните разговори на делегациите на Северна Македонија и Бугарија во Софија.

„Ние го искажавме нашиот став, кој е јасен, недвосмислен и целосно се совпаѓа со рамковната позиција што беше усвоена од Парламентот во октомври минатата година. Објаснивме дека не можеме да правиме никаков компромис за прашањата поврзани со бугарската историја, со идентитетот на бугарскиот херој, на сите оние луѓе кои ги нарекуваме дел од нашата заедничка историја“, изјави Каракачанов.

Тој, пренесе новини.бг нагласи дека средбата се одвивала во искрен и пријателски тон, при што од бугарска страна било истакнато дека Бугарија „не води политика со инает, дека е суверена држава и не е под влијание на еден или друг европски главен град“.

Ваквата изјава Каракачанов ја даде по откривањето на споменик на Гоце Делчев во градот Самоков.

„Можеби денес некој во нашиот западен сосед не ја прочитал добро историјата и се прашува што бил Гоце Делчев. Ако има сомнеж, може да ги прочита стотиците писма, статии и други материјали што ги напишал Гоце Делчев“, изјави Каракачанов.

МИА/Фото: Фејсбук/Каракачанов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Самит за Западен Балкан: Меркел им порача на Заев и Борисов дека мора да се согласуваат оти е многу важно за регионот

(Видео) Борисов го пречека Заев во Софија каде заедно ќе го водат Самитот за Западен Балкан

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Привремено по смената на Велковски, БЈБ ќе го води Бесим Деари

Редакција

„Катица од притвор си раководи со даљинско“: Твитер реакции за писмото кое Јанева го прати до СЈО од Шутка

Редакција

(Фото) Семејството од Газа пристигна во Македонија, се очекува евакуација и на брачниот пар

Редакција