Красимир Каракачанов, по 25 години на чело на ВМРО-БНД, од денеска не е повеќе претседател на партијата.
Него го наследија тројцата копретседатели Ангел Џамбаски, Искрен Веселинов и Александар Сиди.
Каракачанов е избран за почесен претседател.
Неговото заминување доаѓа по катастрофалните резултати на трите избори минатата година, кога партијата во ниедно гласање не успеа да го помине изборниот праг.
Фото: Фејсбук/Каракачанов
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.