Кардиохирургот Сашко Јовев за Фокус демантира дека физички го нападнал директорот на Клиниката на кардиохирургија, Марјан Шокаровски, а вербално медицинска сестра, како што претходно објави Министерството за внатрешни работи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Познат кардиохирург физички го нападнал директорот на Клиниката за кардиохирургија
„Не е точно дека јас сум нападнал. Нападаот е најдобра одбрана. Практично, јас пријавив вербален налад и само буткање во кое имам повреда на окото од лупите на колегата. Тој што сум пријавил сум јас.
Се друго може да е монтажа, како и таа досега во последните неколку месеци. Јас лежам на кардиологија заради стрес. Инаку, сум жртва на секојдневен мобинг“, вели Јовев за Фокус.
Фото: МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.