еМагазин
Image default
Македонија

Катица Јанева наводно со писмо ја активирала оставката од 15 јули

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е во притвор во затворот „Скопје“ за предметот „Рекет“ попладнево доставила писмо до Советот на јавни обвинители со кое ја активира оставката што ја поднесе на 15 јули, пренесуваат повеќе домашни медиуми.

Претседателот на Советот на јавни обвинители, Ацо Колевски информира дека до крајот на работниот ден на Советото, до 15 часот и 30 минути, немаат добиени никаков допис, но вели дека е можно да пристигне во текот на утрешниот ден и дека не може да ја соопшти содржината.

„Ние во Советот, доколку стигне, ќе ја разгледаме веднаш и ќе одлучиме како би постапиле“, истакнува Колевски.

Јанева поднесе условна оставка на 15 јули, на денот кога беше уапсен Борај Јовановски за случајот „Рекет“, а која требаше да биде активирана кога ќе се избере нов специјален обвинител.

Таа наводно го испратила писмото откако денеска собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата едногласно донесе одлука на Собранието да му препорача разрешување на Јанева поради несовесно, нестручно и незаконито раководење со институцијата.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Катица Јанева остана без адвокат, Павлески нема да ја застапува

Собраниската Комисија едногласно и без дискусија донесе одлука Јанева да биде разрешена

Може ли Јанева од притвор да бара предметите на СЈО да ги преземе Јавното обвинителство?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови детали за најмладиот починат пациент од коронавирусот, кој имаше 31 години

Редакција

Продолжува судењето за насилството во Собранието

Редакција

(ВИДЕО) Диви продавачи се обиделе насилно да ја вратат одземената стока од полициско возило во центарот на Струмица

Редакција