еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Кавачкиот клан подготвувал ликвидација на црногорскиот вицепремиер Дритан Абазовиќ

Засилена е безбедноста на црногорскиот вицепремиер, Дритан Абазовиќ, бидејќи постојат индиции дека припадници на криминалниот Кавачки клан се подготвувале да го ликвидираат, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Црна Гора.

Оттаму велат дека таквите информации се добиени со преземање мерки и активности за расчистување на убиството на Зоран Ашанин, кое се случи вчера во градот Мојковац.

„Во конкретниов случај, собраните информации укажуваат на намерата на членовите на организираната криминална група Кавачки клан и еден од неговите лидери, Слободан Кашчелан, како реакција на неговото лишување од слобода и натамошно процесуирање заради активности насочени кон извршување кривични дела на тежок и организиран криминал, да преземат активности на загрозување на животот на вицепремиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Црногорското МВР посочува дека, свесни за фактот дека членовите на оваа организирана криминална група се дел од пошироките регионални структури со многу силни врски на транснационално ниво, чија клучна карактеристика е бескрупулозно извршување на повеќето сериозни злосторства без понатамошни одлагања, а во соработка со други државни институции, преземени се дополнителни мерки и активности за заштита на безбедноста на Абазовиќ.

МИА/Фото:Фејсбук/Абазовиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДУИ на „тапет“ на Твитер за идејата за Албанец премиер

Редакција

Хотелското сместување во Охрид и Струга сезонава поскапо за 30%

Редакција

(ВИДЕО) Незаборавните улоги на легендарната Милена Дравиќ

Редакција