еМагазин
Image default
Свет

Кипар го укинува „златниот пасош“ за богатите странски инвеститори

Кипар денеска ја укина профитабилната програма за доделување државјанство на богати странски инвеститори, по обвинувањата дека висок владин службеник и поранешен пратеник биле вклучени во обид да се заобиколат строгите правила и да се издаде пасош на имагинарен инвеститор за кој се смета дека имал криминално досие.

Портпарол на Владата на Кипар, Кирјакос Кусиос, рече дека Кабинетот на премиерот ја прифатил препораката на министрите за внатрешни работи и за финансии за укинување на „златниот пасош“, кој на земјата во претходните години и донесе милијарди евра.

Кусиос рече дека одлуката, која ќе стапи во сила на 1 ноември, се заснова на „долгогодишните слабости на Кипар во програмата за инвестиции, но и на злоупотребата на нејзините одредби“.

Тој рече дека Владата со време ќе разгледа различни начини за привлекување странски инвестиции.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Индија е зафатена од „бура“ на зараза со Ковид-19: Нови 349.691 случаи, а починале 2.467 пациенти

Редакција

Трамп криел плаќања на странски влади кон неговиот хотел во Вашингтон

Редакција

Институт Роберт Кох: Деновиве во Германија можни се по 10.000 новозаразени со Ковид-19 на ден

Редакција