еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Кирил Самарџиоски ги подари акциите и си даде оставка од „Прилепска пиварница“, Сашко Самарџиоски нов претседател на Управниот одбор

Долгогодишниот прв човек на „Прилепска пиварница“, Кирил Самарџиоски си поднесе оставка од функцијата претседател на Управниот одбор на компанијата откако претходно им ги подари акциите на своите деца.

„Прилепска пиварница“ преку Македонската берза соопшти дека на ден 02.07.2020 година врз основа на поднесена оставка заверена кај нотар спроведена е одлуката на Надзорниот одбор од 01.07.2020 година со која на лицето Кирил Самарџиоски му престана функцијата претседател и член во Управен одбор на „Прилепска пиварница“ АД Прилеп

„На истата седница на Надзорниот одбор едногласно за нов член во Управниот одбор беше избрано лицето Коста Мијоски, директор на сектор за информатичка технологија, дипломиран електроинженер. Членот на Управниот одбор Коста Мијоски поседува 160 обични акции со право на глас односно 0,4% од акциите на друштвото.

За претседател на Управниот одбор именуван е Сашко Самарџиоски, генерален директор во Прилепска пиварница АД. Прилеп.

Промената беше запишана во Централниот регистар на Република Македонија на ден 02.07.2020 година“, информираат од компанијата.

Претходно, „Прилепска пиварница“ А.Д. Прилеп преку берзата ја информира јавноста дека на ден 29.06.2020 година врз основа на договор за дар извршен е упис во Централниот депозитар за хартии од вредност на нетрговски пренос на хартии од вредност (обични акции) со што акционерите Сашко Самарџиоски и Панде Самарџиоска се стекнаа со по 12.500 обични акции со право на глас.

„Со тоа акционерот Сашко Самарџиоски, член на Управен одбор и генерален директор на „Прилепска пиварница“ А.Д. Прилеп поседува вкупно 14.500 обични акции со право на глас, односно има учество од 36,32 отсто во основната главнина на „Прилепска пиварница“ А.Д. Прилеп.

По направениот пренос акционерот Панде Самарџиоска, член на Управен одбор и заменик генерален директор на „Прилепска пиварница“ А.Д. Прилеп поседува вкупно 14.500 обични акции со право на глас, односно има учество од 36,32 отсто во основната главнина на „Прилепска пиварница“ А.Д. Прилеп.

Членот на Управен одбор и претседател на одборот, Кирил Самарџиоски кој до 29.06.2020 година поседуваше 25.000 обични акции со право на глас, по спроведениот договор за дар повеќе не поседува акции во „Прилепска пиварница“ А.Д. Прилеп, соопшти компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На менаџментот на Прилепска пивара лани исплатени 24,5 милиони денари

„Прилепска пиварница“ со загуба во првите три месеци од годинава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 294 случаи на Ковид-19 од 2.430 тестови, 41 се реинфекции

Редакција

Граѓаните во странство со пасоши со старото име, ќе можат да се вратат со патни листови

Редакција

Грција ќе ги тестира туристите по случаен избор

Редакција