еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Клиниката „Жан Митрев“ потврди дека е во финални преговори за продажба на мнозинскиот удел на холандскиот фонд Balkan Alliance Healthcare

Од клиниката Жан Митрев информираат дека се во финални преговори за стратешко партнерство со холандскиот фонд Balkan Alliance Healthcare.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фонд од Холандија сака да го купи мнозинскиот удел на клиниката „Жан Митрев„

-Преговорите се однесуваат за влез на Фондот како партнер во Клиниката што ќе овозможи оваа врвна здравствена установа да ги проширува своите дејности и да ги подигне уште на повисоко ниво стандардите во медицината во Македонија.

Ова стратешко партнерство е поддршка на веќе започнатиот проект за прераснување на клиниката Жан Митрев во регионален медицински центар.

На овој начин стануваме финансиски помоќни за да растеме побрзо и да се развиеме во вистински регионален центар за здравствени услуги со највисоки стандарди.

Според договореното доктор Жан Митрев како и досега така и понатаму ќе ја предводи целата операција на трансформација на Клиниката во регионален центар каде учат и се развиваат и нови кадри на лекари во делот на кардиохирургијата и  останатите дејности.

Ќе се овозможи и поголема соработка со експерти од странство, а нашиот know how ќе биде искористен за медицинските центри во сопственост на холандскиот фонд што значи проширување на дејноста на Клиниката Жан Митрев на регионално ниво, соопштија од клиниката Жан Митрев.

-Balkan Alliance Healthcare е формиран во 2006 година од страна на повеќе европски и американски инвестициски фондови како Southeast Europe Equity Fund II (SEEF II) менаџиран од SEAF – Small Enterprise Assistance Funds.

Предводен е од David Lyle Mathewson и Andrei Christian Krikliwy, кои се истакнати бизнисмени во делот на инвестициите во здравствениот сектор, телекомуникации, медиуми и финансии услуги.

Во делот на здравствениот сектор имаат свои инвестиции во Албанија, Косово, каде поседуваат 6 медицински центри.

Во планот за регионално проширување се: Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Турција и Романија.

Вредноста на Фондот во моментов изнесува 320 милиони американски долари, велат од Клиниката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Гересхајмер“ отвара нова фабрика во ТИРЗ, најголема инвестиција од основањето на зоните

Редакција

Нагло опаѓа нивото на антитела по 2-3 месеци од оздравување од Ковид-19

Редакција

Одложено судењето за поранешниот заменик директор на УЈП, Гури, не се појави еден од обвинетите

Редакција