еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Клучниот сведок во „Титаник 3“: Функционерите на ДУИ, Алими и Гури земаа записници

Денеска, по неколку најави, конечно преку преку скајп-комуникација од Германија за случајот „Титаник 3“ сведочеше клучниот сведок Ресмије Беслимова.

Како што е познато, таа била член на Изборната комисија во скопската Општина Чаир кога се случиле изборните нерегуларности во 2013 година, на што се однесува овој случај, кој го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО).

Таа сведочеше дека функционерите на владејачката ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури, кои се обвинети во предметот, влегле во канцеларијата на Општина Чаир каде што се носеле записниците.

Потоа Алими зел дел од записниците и ги сокрил под палтото. Гури и Алими по одредено време ги вратиле записниците, а таа не реагирала на ваквиот инцидент поради страв.

Судскиот предмет за „Титаник 3”, досега два пати почна од почеток, а судењето трае повеќе од две години.

Предметот се однесува за изборни нерегуларности на локалните избори во Општина Чаир во 2013 година.

Судскиот процес го води судијката Марија Клетничка, додека обвинението го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Државна ревизија изразува резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи на Министерството за финансии за 2021 година

Редакција

Празнично изненадување од МТЕЛ, екстра кредит со секоја нова mSTART картичка

Редакција

Од ДУИ не исклучуваат предвремени избори, од СДСМ најавуваат наскоро обелоденување на одлуката

Редакција