еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

СДСМ и ДУИ предизборно се „скараа“ за преиминувања на училишта, ама „ќутат“ зошто нема сапун за учениците

Се уште коалиционите партнери во македонската Влада, СДСМ и ДУИ секојдневно предизборно почна да се „препукуваат“ преку медиумите и социјалните мрежи.

Работите се вжештија дополнително по објавувањето на предизборната коалиција на СДСМ и БЕСА, а деновиве се „расправаат“ дали преименувањето на две училишта во скопски Чаир е законска или незаконска одлука и каде треба да има табли на институциите и на албански јазик според Законот за употреба на јазиците.

Станува збор за промена на имињата на училиштето „Никола Вапцаров“, кое сега се вика „Исмаил Ќемали“ и „Рајко Жинзифов“ кое сега е „Имри Елези“.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев како незаконски ја оценува спроведената постапка, која Централниот регистер требало да ја коригира веднаш, бидејќи не постоела одлука на Советот на општина Чаир.

„Со записник на некој си училишен одбор надвор од законските прописи е спроведена одлуката и доставени се материјалите. Ги повикувам институциите да постапат по закон. Законодавецот предвидел како се менува назив на училиште и тоа го одлучуваат граѓаните преку своите претставници.

Ги видов аргументациите во јавноста, кои се доволни за сериозна дебата. Немаме намера да отвораме рани на какви било национализми. Ние сме демократска земја, каде владее правото и граѓаните имаат еднакви права и обврски“, изјави денеска Заев, пренесува МИА.

Министерот за образование, Арбер Адеми, кадар на ДУИ, пак информацијата за промена на имињата на училиштата ја соопшти вчера преку Фејсбук.

Тој во постот напиша дека ги потпишал потребните акти со што конечно завршило прашањето за именувањата на училиштата во Чаир.

Ова не е ни прва, а најверојатно ни последна спорна промена на имиња на училишта во Македонија. Да не бевме во предизборие, голема е веројатноста двете партии воопшто да не се расправаа за овие теми.

Она што не изненадува е и фактот што надлежните институции кои треба први да реагираат за вакви одлуки, секогаш каскат зад политичарите.

Друга тема е што на поубаво ќе се смени во овие две училишта со новите имиња. Ако не беше корона вирусот училиштита низ Македонија ќе останеа без сапун за лична хигиена за учениците. Да не редиме што се фали во секое училиште низ земјава, па и во овие две.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Војминовски му прави „друштво“ на Груевски: Распишана меѓународна потерница за осуденикот за обид за убиство на Села

Редакција

Евроамбасадорот Грир не кажува рок, но сака преговори со Македонија и Албанија што е можно поскоро

Редакција

Приведен бизнисменот Орце Камчев

Редакција