еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Која е Биотек, новиот акционер над 5% во Реплек

Пред неколку дена Биотек ДОО Скопје купи 1.115 нови акции во Реплек АД Скопје и сега поседува вкупно 1.634 обични акции или 6.30% од вкупниот број на акции на Реплек.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Биотек купи акции во Реплек

Компанијата е присутна на пазарот од 1999 година, а на почеток работеше со медицински потрошен материјал и опрема за клинички и индустриски сектор.

Потоа од 2015 година отвори неколку лаборатории во Скопје, по што и е и најпозната на јавноста, лиценцирани за биохемија – имунологија, микробиологија и молекуларна дијагностика.

Во декември лани отвори и своја поликлиника, која има специјалистички оддели за педијатрија, интерна медицина, гинекологија, клиничка трансфузиологија и медицина на труд.

Според податоци кои ги објави порталот Пари, лани Биотек имал приходи од 2,6 милиони евра и добивка од 339 илјади евра, додека претходната година, додека се уште пандемијата со Ковид-19 беше во пол ек, приходите на Биотек биле 6,1 милиони евра, а добивката 2,6 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Туџарова-Трајковска продаде акции во Реплек

Пецовски повторно купи, а Туџарова Трајковска продаде акции во Реплек

Фото: Биотек

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Еролд Муслиу, кој е разрешен од директорската позиција во Агенцијата за разузнавање

Редакција

(Видео) Српските власти го откажаа Европрајд, во Белград се маршираше за „спас на децата и семејството“

Редакција

Јанкулоска во најблизок контакт со Јанакиески, со Ставрески не комуницира

Редакција