еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е бугарската фондација „Македонија“ која најави отварање на нови онлајн медиуми во Македонија

Од бугарската фондација „Македонија“, водена од Виктор Стојанов, на кого му е забранет влез во Македонија, најавија отварање на нови онлајн медиуми и новинарско студио во земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарската фондација “Македонија“ ќе отвара нови онлајн медиуми во Македонија

Истата фондација периодов е и во „лов“ за купување на македонски фудбалски клуб, засега безуспешно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија финансира медиум во Македонија, открива уредникот на медиумот

Бугарската фондација “Македонија“ во „поход“ да купи македонски фудбалски клуб, од Вардар и Брегалница ја одбиле

Која е фондацијата „Македонија“

Фондацијата беше во фокусот на јавноста пред неколку месеци, откако Стојанов објави пост на Фејсбук во кој понуди 200 евра за идентитот на македонски полицаец од граничниот премин Деве Баир, по инцидентот на границата со Бугарија со граѓаните од таму кои сакаа да дојдат во земјава за обележување на роденденот на Гоце Делчев.

Претходно тој на социјалните мрежи упати и закана за физичка ликвидација на претседателката на Kомисијата за спречување и заштита од дискриминација, Весна Бендевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Откако се утврди дискриминација на Македонците, Бендевска доби закани за ликвидација од Стојанов, претседател на бугарската фондација “Македонија“

За фондацијата пошироката македонска јавност првпат слушна во 2021 година кога на Стојанов

не му беше дозволено во Македонија да внесе “бугарски книги“ за етничките Бугари, во рамките на инцијативата на фондацијата, „Испрати бугарска книга за Македонија„.

Реагираше и бугарското Министерство за надворешни работи, па на крај книгите влегоа во Македонија.

Од оваа фондација пред неколку месеци се пофалија и дека низ Скопје нејзини членови залепиле 10.000 налепниците на кои пишува дека сме биле еден народ со Бугарите.

30 евра за деца да учат бугарски јазик

Фондацијата беше актуелна и со тоа што им дава по 30 евра на децата во Македонија за да учат бугарски јазик, литература и историја во рамки на он-лајн училишите, регистрирано во Бугарија и за кое не му треба дозвола во Македонија.

Фондацијата беше во фокусот и со провокативното „чистење“ на споменици низ Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Нова провокација од Бугарите, овојпат со чистење на споменикот на Гоце Делчев и поставување на бугарското знаме

Антимакедонски активист

Антимакедонска активност на фондацијата не е тајна, доволно е само да се разгледа нејзиниот профил на Фејсбук.

На Фејсбук претседателот на фондацијата, Стојанов пред извесно време се пофали и дека во Скопје организирал воена обука.

Фондацијата е активна и во во Албанија.

Фото: Фејсбук/Стојанов/фондација „Македонија“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Српските власти го откажаа Европрајд, во Белград се маршираше за „спас на децата и семејството“

Редакција

„Стандард енд пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија, ББ- со стабилен изглед

Редакција

Понудата од 5,4 милиони евра е прифатлива: Доверителите се за брза продажба на управната зграда на Еуростандард банка

Редакција