еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонска компанија ќе воведе работна недела од четири дена

Во услови кога газдите на текстилните фабрики бараат осум ипол часовно работно време, речиси е непоимливо македонските компании да го фатат трендот со светските, кои се почесто размислуваат и тестираат скратена работна недела.

Тоа веќе се случува во Шведска, а тестирањето на скратена работна недела се покажало одлично и кај „Мајкрософт“. Работниците биле за 40 проценти попордуктивни од претходно.

Единствена компанија во Македонија која ќе ја скрати работната недела на 4 дена во неделата е „P world“, (Пи Ворлд), ПР компанија која се занимава со организација на бројни настани како кај нас, така и во светот.

Нејзиниот основач Коста Петров информираше дека оваа промена ќе стартува од 1 декември.

„Следејќи ги светските трендови, од декември воведуваме четиридневна работна недела. Во Пи Ворлд, четврток е новиот петок“, информираше Петров.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Водата во Струмица конечно исправна за пиење

Редакција

Отворени новите простории на бугарскиот Културно-информативен центар во Скопје

Редакција

АИТОНИКС го проширува партнерството со Philips, додавајќи нова категорија производи во своето портфолио!

Редакција