еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е разрешената судијката Татјана Михајлова

Судскиот совет ја разреши Татјана Михајлова, судија од Основниот кривичен суд Скопје поради како што наведоа од таму – нестручно и несовесно вршење на судиската функција.

Постапката за нејзиното разрешување се водела околу една и пол година, а главна причина е злоупотреба на АКМИС системот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судскиот совет ја разреши судијката Татјана Михајлова поради злоупотреба на АКМИС системот

Која е Татјана Михајлова

Во скромната биографија на Михајлова објавена на официјалната страна на Кривичен суд единствено стои дека е родена во 1961 година и дека работела на кривична материја.

Највпечатливи моменти од нејзината кариера

Михајлова беше во фокусот во март 2017 година кога поднесе оставка од функцијата в.д. претседател на Основниот суд Скопје 1, функција на која дојде по Владимир Панчевски.

Претседателка на Судот стана во декември 2016 година.

Додека беше на оваа функција го смени годишниот распоред на судиите, со кој дел од судиите од кривичен беа префрлени во прекршочниот или други оддели во Судот, а медиумите и дел од експертите тоа го поврзаа со опструирање на предметите на СЈО.

На јавноста и е позната и како судијка која на почетокот го водеше случајот на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), „Насилство во Општина Центар“.

Во декември 2016 година таа на судењето за овој предмет одби дел од „бомбите“ и сведочењето на заштитениот сведок да бидат користени како докази во судскиот процес што СЈО го отвори против поранешниот премиер во бегство, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова и уште 11 лица, обвинети за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 година.

Михајлова по оваа одлука излезе со образложение дека во согласност со законот за Кривична постапка и со Законот за заштита на сведоци, не е предвидено во ваков случај за насилство да биде користен заштитен сведок, додека за „бомбите“ образложението беше дека тие се прибавени на незаконит начин и спротивно на Уставот и на законите со кои се гарантираат човековите права, како и на неколку меѓународни конвенции.

СЈО по оваа нејзина одлука поднесе жалба до Апелацискиот суд.

На друго рочиште за овој случај Михајлова ги казни поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева, која сега е во притвор за случајот „Рекет“ и обвинителката Фатиме Фетаи за „елементарно непочитување на судот“, а тие ја нарекоа „фалсификатор“.

Таа беше судијка и во случајот „Ликвидација“, во кој меѓу обвинетите, а потоа и осуден на четири и пол години затвор беше и новинарот Томислав Кежаровски.

Фото: А1он

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дрин Ахмети незаконски добивал грантови од Фондот за иновации, Антикорупциска бара одговорност

Редакција

„Лукоил“ го доби тендерот на Фондот за здравство за набавка на горива вреден 67.000 евра

Редакција

(Видео) Лозано објави нова песна „Маскенбал“, спотот е снимен во Венеција

Редакција