Актуелната германската министерка за одбрана, Урсула фон дер Лаин е компромисот меѓу европските земји кои имаа неколку дена проблем да се договорат кој да биде номиниран за нов претседател на Европската комисија (ЕК).
Ако Европскиот парламент ја прифати номинацијата таа ќе стане првата жена која ќе раководи со ЕК.
Ова не е прв пат германската политичарка да го пробива мразот во однос на родовата нееднаквост во високата политика со оглед на тоа што во 2013 година таа стана првата жена министер за одбрана на Германија.
Таа важи за една од најблиските партнери на германската канцеларка Ангела Меркел.
Во нејзината биографија пишува дека на 13-годишна возраст се преселила од Брисел во Геманија сo семејството.
Учела економија во Лондон, а потоа и медицина во Хановер, каде што специјализирала гинекологија.
Специфичен личен податок за неа е што е мајка на седум деца, што денеска е реткост во Германија, но и во поголемиот дел од Европа.
Во кариерата извршувала повеќе високи раководни функции на локално и на сојузно ниво во Германија и била на чело на повеќе министерства.
Фото/Видео:Metro/Arirang news
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германката Урсула вон дер Лејен на местото на Јункер