еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Кој би можел да го замени Путин и колку тоа би било опасно за Западот

Катастрофалната воена авантура на рускиот претседател Владимир Путин во Украина ја зголемува можноста за „негативен крај“ на неговото 22-годишно владеење, пишува во анализа европското издание „Политико“.

„Дури и да не го признаат тоа јавно, руската војска трпи големи загуби во Украина, што наложи најава за мобилизација, иако делумна. Сепак, овој претседателски декрет доведе до вистински хаос во Русија, протести и илјадници млади момчиња кои се предмет на мобилизација, кои се упатуваат кон границите, но во обид да не завршат во Украина.

Ова најверојатно ќе биде фактор за промена на власта во земјата, но се уште не може да се предвиди дали оставката на Путин ќе биде доброволна или тој ќе биде сменет од власт – дали од сопствениот народ или од опозицијата“, се наведува во анализата.

Се додава дека во текот на годините на неговото владеење, 69-годишниот Владимир Путин направи се за да ги отстрани потенцијалните замени, вклучително и од неговиот близок круг.

Го промени Уставот за да го заобиколи ограничувањето на претседателскиот мандат и воопшто не подготвува замена. Но, последните случувања, како што е наведено, сугерираат дека тоа би можело да се промени.

„Политико“ ги разгледува можните кандидати за замена на рускиот претседател и колку тоа би било опасно за Западот.

Првото сценарио што се разгледува е Путин да го избере својот наследник. Најверојатен кандидат, како што е посочено, е „супершпионот“ Николај Патрушев, кој е секретар на Федералната служба за безбедност на Русија и многу близок со рускиот претседател.

„Поранешниот агент на ФСБ изгледа опасно за Западот – уште пред Путин да ја нареди неговата воена операција во Украина, тој го обвини Вашингтон дека се обидува да ја растури Руската Федерација“, стои во текстот.

„Политико“ пишува дека во моментов, Путин го поминува поголемиот дел од своето време во Кремљ, но Патрушев е многу активен на меѓународно ниво и често ја посетува Кина. Но, како што е наведено, неговата слабост е неговата возраст – 71 година.

„Очекувањата се дека Патрушев привремено ќе ја извршува функцијата руски претседател доколку биде номиниран. Веројатноста тој да биде следниот претседател на Русија е голема, а голема е оценета и опасноста за Западот“, анализира весникот.

„Како што често се случува во Русија и под диктаторски режими, она што таткото не може да го направи може да му се пренесе на синот – 44-годишниот Дмитриј Патрушев, кој е претставник на новата генерација во руската политика. Од 2018 година е министер за земјоделство. Неговото образование е поврзано со академијата на ФСБ, но веројатноста дека е миленик на рускиот претседател е минимална, минимална е и заканата за Западот“, се наведува во анализата.

Инаку, во Русија често се коментира дека Владимир Путин не ги подготвува своите деца за високи позиции во Кремљ. Во последниве месеци, неговата помлада ќерка, Катерина Тихонова, беше повидлива во политичкиот живот – во јули беше назначена за претседател на Координативниот совет за замена на увозот и технолошка независност на Руската унија на индустрија и претприемачи.

Сепак, според руските опозиционери, амбициите на Катерина не можат да бидат големи, бидејќи руското општество, сепак, тешко ќе прифати жена на чело на државата. Затоа, „Политико“ како можност го посочува на второто место Дмитриј Медведев.

Според весникот, рускиот претседател има целосна доверба во него и двајцата се заедно од 2008 година, кога актуелниот потпретседател на Советот за безбедност му беше десна рака во Санкт Петербург.

Медведев веќе беше претседател на Русија, а за време на неговиот мандат воведе многу модернизации. Според шпекулациите во Русија, актуелниот претседател не е искушуван од новите технологии – тој нема паметен телефон и не пристапува на Интернет.

Медведев два мандата беше премиер на Русија, а од 2020 година повторно е заменик на Путин, но сега во Советот за безбедност.

„Сепак, колку е опасен за Западот е тешко да се процени – на својот канал Телеграм често се заканува со нуклеарни напади и уништување на Украина. Официјално, сепак, 57-годишниот Медведев нема такви изјави. Затоа, оценката за него е дека веројатноста тој да го замени Путин не е мала, а опасноста за Западот е умерена“, се наведува во анализата.

„Телохранителот“ Алексеј Дјумин еднаш веќе го спаси Владимир Путин, пукајќи од неговиот службен пиштол во мечка која го нападна сегашниот претседател во планините. (Мечката преживува). Жестоко лојален, ветеран на Федералната служба за безбедност и вклучен во анексијата на Крим во 2014 година, тој се рекламира како миленик на Путин.

Но, токму овој негов статус го прави многу ранлив на „дворски игри“ во Кремљ. Затоа, „Политико“ го посочува како не особено веројатна замена, но дека опасноста за Западот е висока.

Членот 92.3 од рускиот устав вели дека во сите случаи кога претседателот не е способен да ги извршува своите должности, „нив привремено ќе ги извршува“ премиерот. Тоа го става Михаил Мишустин во пол-позиција да ја преземе функцијата вршител на должноста шеф на државата доколку Путин сериозно се разболе или биде убиен.

Мишустин (56) беше главен даночник во Русија пред да биде именуван за премиер во 2020 година, кога Путин ги протурка тие уставни промени кои, ефективно, му го отворија патот да стане доживотен претседател.

Мишустин служеше како лојален кризен менаџер, работејќи на минимизирање на економските последици од западните санкции. Но, постои потенцијален пресврт: ако Путин е неспособен, уставот не му дозволува експлицитно да се врати доколку закрепне.

МИА/Фото: РТ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приоритети ќе останат исти и по приклучувањето на Алтернатива, велат од Влада

Редакција

При одлуката за цената на осигурувањето, да се земе предвид реалната состојба, велат од Националното биро за осигурување

Редакција

Блокирани сметките на 110.205 граѓани и фирми

Редакција