Фирмата Еуровиа од Желино и нејзиниот сопственик Елмедин Адеми се во фокусот на јавноста, откако истата доби милионски тендер на Министерството за надворешни работи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Османи и врвот на ДУИ на свеченост кај донаторот Адеми, кој го доби милионскиот тендер на МНР
Фирмата лани била најголем донатор на владејачката ДУИ.
По реакциите во јавноста од МНР информираше дека фирмата е избрана, бидејќи дала најповолна понуда. Со реакција се јави и Адеми, кој посочи дека нема ништо спорно во процедурата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колку пари донирала фирмата која доби милионски тендер на МНР на ДУИ лани
Кој е Елмедин Адеми
Според податоци од неговата официјална биографија и информации кои можат да се најдат на интернет, тој е роден во јуни 1988 година во Тетово.
Завршил средно училиште Тетово, каде и дипломирал на Факултетот за компјутерски науки на Универзитетот на Југоисточна Европа.
Кариера
Во 2008 година започнал со приватен бизнис во областа на маркетинг, односно со надворешно рекламирање, основајќи ја Screen Media.
Во 2012 година неговото семејство му го предава раководството на Еуровиа.
Еуровиа е семејно претпријатие основано во 1978 година, специјализирано за проектирање и изградба на комерцијален и индустриски објекти.
Во 2010 година ја основал Еуровиа групацијата, која денеска работи во Македонија, Косово и Албанија.
Како што самиот посочи во реакцијата за добиенот тендер, во компаниите со кои управува во рамки на групацијата работат 250 лица.
Во 2016 година е добитник на националната награда за Македонија на Европските бизнис награди.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како е можно потпретседателот Османи да не знае дека Еуровиа е донатор на ДУИ
Фото: Фејсбук/Адеми