еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Илија Гечев, единствениот милјардер од Македонија на листата на најбогатите во регионов

Сопственикот на „ИГМ трејд“ од Кавадарци, Илија Гечев е единствениот милјардер од Македонија на листата на 100-те најбогати луѓе во регионот, која ја објави српскиот магазин „Недељник“.

Тој се најде на 18. место на листата, со проценето богатство од 1.054.946.440 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Илија Гечев, единствен милијардер од Македонија на листата на српскиот магазин „Недељник“

Како што објаснуваат од неделникот рангирањето не покажува колку пари имаат бизнисмените на листата, туку колку вредат нивните компании и колку пари потенцијално би можеле да добијат ако ги продадат денеска.

Интересен податок кој го соопштија од неделникот е и дека само македонскиот медиум од регионалните, кои помогнале да се направи оваа листа, сакал да остане анонимен.

Кој е Гечев?

Невообичено пошироката јавноста во Македонија не знае речиси ништо за еден од најбогатите бизнисмени во земјава.

На интернет нема негова биографија, го нема ниту на Википедија, а негов профил со основни податоци нема ниту на официјалната веб страна на компанијата.

Во кои бизниси е влезен

Она што сигурно се знае, кога се во прашање бизнисите кои ги води, и заради кои се најде на оваа листа е дека е сопственик на “ИГМ трејд“ од Кавадарци.

Како што стои на официјалната веб страна на компанијата “ИГМ трејд“ постои од 1994 година и е една од најголемите извозни компании во Македонија.

Станува збор за еден од најголемите производители на челични и заварени цевки и профили во Југоистична Европа.

Фабриката на компанијата во Кавадарци е на површина од 400.000 квадратни метри, а има капацитет од 200.000 тони годишно, а 95% од вкупната продажба и е надвор од Македонија, на пазарите на ЕУ и ЦЕФТА.

На официјалната веб страна стои и информацијата дека на крајот на 2015 година, “ИГМ трејд“ го прошири своето работење надвор од Македонија, откако ја купи поранешната фабрика Алпос за заварени челични цевки и профили лоцирана во Словенија.

Во февруари 2019 компанијата купи и 16,60% од акциите на Макошпед.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ултимус повеќе не е акционер: ИГМ трејд купи акции во Макошпед

Според Еуро бизнис центар, “ИГМ трејд“ е во Топ 10 најуспешни компании во Македонија.

Според податоци на Центарот „ИГМ трејд“ лани остварила добивка пред оданочување од 3,4 милијарди денари и вкупни приходи од 11,2 милијарди денари.

Има 500 вработени.

Официјални податоци за евентуални други бизниси поврзани со Гечев нема.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) И Живко Мукаетов на листата на 100 најбогати во регионот

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Банките и штедилниците најавуваат нови производи за „зелено кредитирање“

Редакција

До кога „браќа“ Бугари: Прошка треба да барате наместо нови услови

Редакција

Западниот Балкан се враќа на агендата на ЕУ, на 19 април во Луксембург ќе се одржи посебна дискусија

Редакција