еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Кој е „непознатиот сторител“ за пензискиот скандал во ПИОМ?

Ќе заврши ли фијаското во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување со неисплатените пензиските придонеси за 12.000 осигуреници во приватните пензиски фондови со судски епилог или пак ќе биде „забошотена“ и оваа афера е прашање што заслужува внимание по кривичната пријава против непознат сторител што ја поднесе министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Сега дилемата е зошто пријавата е против непознат сторител кога се знае дека на чело на ПИОМ во изминативе години континуирано се менуваа кадри на ДУИ и тоа Исни Јакупи, Беким Незири и актуелниот директор Шаип Зенељи.

Исто така се знае дека одговорно тело за контролирање на двостолбниот пензиски систем е Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско оигурување (МАПАС). Прашање е каква супервизија вршеле во МАПАС во изминативе години и како дозволиле да се направи штета од 19 милиони евра.

Во јавноста веќе се поставува прашањето како приватните фондови не ја приметиле оваа „ситна грешка“ во евиденцијата.

Имено, во рамките на капитално финансираното пензиско осигурување, постојат две пензиски друштва. Двете друштва управуваат со по еден задолжителен и по еден доброволен пензиски фонд.

Тие се друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови Сава пензиско друштво АД Скопје, кое управува со Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд и Отворен доброволен пензиски фонд Сава пензија плус и КБ ПРВО друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови АД Скопје, кое управува со КБ ПРВ отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје и КБ ПРВ отворен доброволен пензиски фонд – Скопје.

Со оглед на тоа што Обвинителството ќе постапува по кривичната пријава не би требало да биде премногу тешко истрагата да утврди каде лежи одговорноста за овој скандал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На 12 илјади лица со години не им биле префрлани средства во вториот пензиски столб

Сите детали: Фондот на ПИОМ го „објасни“ скандалот со пензиите

Министерството за труд и социјална политика до Обвинителство достави кривична пријава за злоупотреби на пензискиот систем

Твитер „збесна“: „Порано имаше поштари што крадат пензии, сега поштите се „опљачкани“ сосе пензиите“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Брачен пар од Македонија се уште е заглавен во Газа, сместени се во болница на Црвената полумесечина

Редакција

Убава вест: 688 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција

Влада: Угостителите да обезбедат најмалку 1,5 метри растојание меѓу гостите

Редакција