еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Тирон Јајага, кандидатот за заменик министер за одбрана на Алијансата за Албанците

Тирон Јајага е кандидатот за заменик министер за одбрана на Алијансата за Албанците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се кандидатите за нови министри и заменици-министри

Образование

Јајага е дипломиран правник, а дипломирал на Универзитетот во Тетово.

Тој е и магистер по меѓународно право со меѓународни односи на Универзитетот во Кент, Велика Британија, бриселска школа за меѓународни студии, Брисел, Белгија.

Зборува англиски, италијански, француски и германски јазик.

Работно искуство и политичка кариера

Тирон Јајага има над 10 години работно искуство во јавниот сектор.

Од 2019 година е правник за меѓународни работи во Секторот за меѓународни односи во Министерството за одбрана.

Претходно бил советник за одбранбени прашања во Мисијата на Македонија во НАТО (2015-2019 година), правник за меѓународни работи во секторот за меѓународни односи во Министерството за одбрана (2012-2015 година) и службеник во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците (2009- 2012 година).

Претходно работел во приватниот сектор и невладини организации.

Работел и како преведувач и како менаџер за односи со јавност во Just-Eat.com.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Го советувал и Груевски: Кој е Азир Алиу, кандидатот за министер за информатичко општество и јавна администрација на Алијанса за Албанците

Кој е Кренар Лога, кандидатот за министер за правда на Алијанса за Албанците

Му бил советник на Таравари: Кој е Фатмир Меџити, кандидатот за министер за здравство на Алијанса за Албанците

Фото: АА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 258 болни од Ковид-19

Редакција

(Фото) Струмичанец возел автомобил со 2,34 промили алкохол

Редакција

Флорин Бесими се откажа од пратеничкиот мандат за да избегне можен судир на интереси

Редакција