еМагазин
Image default
Балкан

Коѕијас ужива на грчки остров пишувајќи книга за Договорот од Преспа

Поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас во неговата викендичка на грчкиот остров Алонисос, пишува книга посветена на Договорот од Преспа.

Според грчките медиуми, Коѕијас од почетокот на летото е на Алонисос, а ќе остане таму до септември, каде што изолиран од сите, работи на неговата нова книга, која би требало да биде готова до крајот на годинава.

Дел од медиумите коментираат дека кај СИРИЗА постои страв дека книгата може да открие каква улога одиграле одредени личности, но и дека може да изнесе на виделина настани што можеби „би ја ставиле во опасност националната безбедност“ и додава дека останува енигма дали ќе биде објавен и дописот со оставката на Коѕијас до тогашниот премиер Алексис Ципрас.

Веројатно е книгата прво да биде објавена на англиски, а потоа на грчки јазик.

Идејата за книга посветена на Договорот од Преспа, Коѕијас ја сподели на крајот од минатата година. Тогаш, поранешниот шеф на грчката дипломатија откри дека има план да напише осум книги што се однесуваат на надворешната политика.

„Еден том, барем така планирам, ќе биде посветен на ПЈРМ, односно на Северна Македонија. Од ПЈРМ до Северна Македонија. Бидејќи, ја знаете, првата автосаркастична шега што ја кажав по мојата оставка, ја слушнавте. Реков дека сакав да го сменам името на поранешната и станав јас поранешен“, рече Коѕијас.

МИА/Фото:Фејсбук/Коѕиас

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Возачот на косовскиот автобус, во кој вчера во Хрватска загинаа 10 лица, може да добие 15 години затвор

Редакција

Опозицијата во грчкиот Парламент ги бара на увид македонскиот Устав и оставката на Коѕијас

Редакција

(ВИДЕО) Со социјална дистанца: Грците не се откажаа од првомајските протести

Редакција