еМагазин
Македонија

Кој може да донира крвна плазма за лекување на пациентите болни од корона вирусот

Медицински директор на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ упати апел до матичните лекари за да се најдат што поголем број на пациенти дарители на крвна плазма за лекување на заболените од корона вирусот.

Таа објасни дека постапката за донирање на плазма, плазмафереза, е постапка која трае 40 до 60 минути, со издвојување на 300 до 600 мл плазма и враќањето на другите компоненти на донорот. Самата плазма кај него многу бргу се надополнува.

Дарителот, донорот на плазмата треба да ги исполнува следните услови:

• Пред сѐ прележана COVID-19 инфекција.

• 2 негативни теста во растојание од 24 часа, по инфекцијата.

• Да се минимум 21 ден без симптоми.

• Да се на возраст од над 18 и до 60 години.

• Да се со телесна тежина над 60 кг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апел до матичните лекари за да се откријат што поголем број на дарители на крвна плазма, за лекување на пациентите со корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Едно починато лице од Ковид-19, кое имало коморбидитети

Редакција

(Фото) Лажниот принц на Црна Гора и Македонија му даде орден на Заев во Владата

Редакција

КОД: Застаре едно од делата на Мијалков, 12-годишната казна затвор се скуси за три години

Редакција