Со театарската претстава за деца „Дружината на Снешко Белчо“, а потоа и со песните од детскиот фестивал „Весели ѕвончиња by Jana“, во центарот на Прилеп, на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ почна предновогодишната организирана програма за пречекот на Новата 2023 година во Прилеп.
Прилепчани и најмладите уживаа во предновогодишната атмосфера, убавиот зимски ден и радоста што може да се насмеат и да посакаат најубави новогодишни желби.
Прилепчани посакуваат посреќна, поздрава и посигурна Нова 2023 година, а децата да ги добијат омилените играчки.
Вечерната новогодишна програма започнува во 21.30 часот со настапот на прилепскиот ди-џеј Dejan Pete. Еден час подоцна, во 22.30 часот на бината ќе се појават членовите на групата „Балканика“, а во пресрет на Новата Година, од 23:30 часот ќе започни настапот на прилепскиот рок бенд „The Hounds“.
Точно на полноќ, по огнометот, прилепскиот градоначалник Борче Јовчески на своите сограѓани ќе им ја честита Новата 2023 година, а музичката програма ќе продолжи во Новата година.
Прилепската локална самоуправа ветува одлична забава и пречек на Новата 2023 година и ги поканува сите прилепчани да бидат дел од новогодишното славење на плоштадот „Матодија Андонов Ченто“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хотелите полупразни, приватните капацитети исполнети: Охрид за Нова Година
МИА