еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Кои се новите членови на Управниот одбор на Стопанска комора на Македонија

Во насока на реализација на програмските цели и задачи на Стопанската комора на Македонија, поефикасно извршување на активностите за унапредување на пазарното стопанство, претприемништвото и поттикнување на конкурентноста кај компаниите – членки, Комората го продолжува процесот на континуирано унапредување на своето работење, информираат од таму.

„Во таа насока, во органите на Комората се приклучуваат менаџери и стопанственици кои со своите професионални квалификации, стручноста, деловното искуство и ентузијазам, ќе придонесат за постигнување на овие цели – Антонио Аргир, претседател на Управниот одбор на „НЛБ Банка“ АД – Скопје, како нов потпретседател на Стопанската комора на Македонија, како и Сашко Самарџиоски, генерален директор на „Прилепска Пиварница“, Гоце Вангеловски, генерален директор на „Кроација осигурување – Друштво за неживотно осигурување“, Катерина Бошевска, генерален директор на „ЕОС Матрикс“ и Нина Ангеловска, основач и директор на „Групер“, како нови членови на Управниот одбор на Комората.

Со нивното именување во органите на Комората, Стопанската комора на Македонија го потврдува своето позиционирање како најголема и најзначајна бизнис асоцијација во државата, насочена кон процесите на извозната диверзификација, модерната реиндустријализација, дигитална трансформација и унапредување на иновативноста, како процеси кои сметаме дека треба да го поведат економскиот раст на земјава“, се вели во соопштението на СКМ.

Фото: СКМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Ново хит место: Leaf cafe во Градски парк во Скопје

Редакција

А1 Македонија има поголеми приходи од мобилна телефонија од Македонски Телеком

Редакција

МЗТ Пумпи со зголемена добивка во првите девет месеци

Редакција