еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кои се сопственици на „Глобал“?

Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица деновиве е во фокусот на јавноста поради пожарот кој го опустоши истиот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали за пожарот во „Глобал“: Температура до стотици степени, хидрантите биле неупотребливи

Приказната за „Глобал“ со која често се поврзува актуелниот премиер Зоран Заев започнува во јули 2006 година, кога истиот почнува да се гради, како јавно-приватно партнерство со општина Струмица.

Објектот е завршен во 2008 година.

Се протега на површина од 7.000 метри квадратни, а вкупната површина на дуќаните, катната гаража и пазарот се околу 40.000 метри квадратни.

Како што објавија тогаш медиумите станува збор за инвестиција од 14 милиони евра.

АПСЕЊЕТО НА ЗАЕВ

Во јули 2008 година заради законски прекршувања при изградбата на „Глобал“ беше уапсен Заев, кој тогаш беше градоначалник на Струмица.

Тој беше уапсен заедно со неколку соработници и заврши во притвор поради сомневање дека објектот е дивоградба за што противправно е стекната имотна корист од 8 милиони евра.

Заев пак обвини дека се работи за монтиран случај, политички прогон и обид за негов линч.

Затворањето на Заев предизвика политичката криза, и СДСМ излезе од Собрание.

Случајот беше затворен со аболиција на актуелниот премиер од тогашниот претседател на државата, Бранко Црвенковски.

ДИВОГРАДБАТА СТАНА ЛЕГАЛНА

Неколку години подоцна во 2014 година трговскиот центар „Глобал“, кој дотогаш беше дивоградба беше легализиран.

За легализација на објектот беше искористена тогашната владина мерка за легализација на дивоградби.

КОЈ ГО ГРАДЕШЕ И КОИ СЕ СОПСТВЕНИЦИТЕ

Во рамки на „Глобал“ функционираше и пазар, кој настрада во пожарот, а со кој раководи ЈП Комуналец Струмица.

Пред неколку дена Заев изјави дека „Глобал“ е колективен објект во кој околу 90% од објектите се во приватна сопственост.

Како партнери на Општината во изградбата беа вклучени фирмите-инвеститори „Делукс инженеринг“ и „Сим инженеринг“.

Како што објавија медиумите во 2014 година кога објектот беше легализиран сопственици на првата фирма се Бранко Стамболиски и Горан Kрстев, а на втората само Kрстев.

Договорот за јавно-приватно партнерство меѓу Општината и двете фирми-инвеститори подразбираше Општината да го отстапи земјиштето од 7.000 квадрати, а инвеститорите да изградат трговски центар со катна гаража и затворен пазар од 40.000 квадрати.

Општината за возврат требаше да добие 18% од дуќаните, целиот пазар и катната гаража. Остатокот од 82% од дуќаните се сопственост на фирмите.

Информација колку од дуќаните во меѓувреме биле продадени од страна на инвеститорите и Општината не успеавме да обезбедиме.

Фото: МИА/Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пецаков најави кривична пријава за клевета и несовесно работење за ДСЗИ и Бухова

Редакција

Германскиот министер Рот: Блокадата на Бугарија ќе ја загрози безбедноста на западен Балкан и Европа

Редакција

Од 2.342 тестови во Дебар 35 позитивни на коронавирусот, покажа скрингот на населението

Редакција