Советот на Апелациониот суд во состав: Јани Нича, претседател на Советот и членовите: Енвер Беџети, Ѓоко Ристов, Тања Милева и Лидија Чачева, ја укина пресудата за случајот „Таргет-Тврдина„, кој се однесува на масовното прислушување и предметот се врати на повторно постапување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што пишува во нивните биографии?
Според неговата биографија објавена на веб страната на Апелација, Енвер Беџети, дипломирал на Правниот факултет во Приштина во 1990 година, а правосуден испит положил во 2004 година.
Работел како секретар на Општина Боговиње, бил управител на приватна фирма, генерален секретар на Тетовскиот Универзитет, во периодот 2002-2004 година, како адвокатски приправник и како адвокат од 2005 до 2010 година.
Првпат бил избран за судија во Основен суд Скопје во 2010 година.
Во 2012 година е избран за судија во Апелационен суд Скопје, каде постапувал по граѓански предмети, а сега постапува по кривични предмети и е определен да го заменува претседателот на Судот во негово отсуство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За судијата Јани Нича, на истата страна, во неговата биографија пишува само дека во 2016 година е избран за судија во Апелационен суд Скопје, каде постапува по предмети во кривичниот оддел и е претседател на Советот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кратко инфо има и за судијката Тања Милева, која во 2017 година е избрана за судија во Апелационен суд Скопје, каде постапува по предмети во кривичниот оддел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За Ѓоко Ристов, исто така само пишува дека во 2020 година е избран за судија во Апелационен суд Скопје, каде постапува по предмети во кривичниот оддел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За Лидија Чачева, пак нема никакви податоци на веб страната на Апелација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На кои предмети работеле
Чачева на јавноста и е позната по случајот “Ровер“, каде беше втор судија, а во кој меѓу обвинетите беше и Љубе Бошкоски.
Ристов судеше во предметите „Метастаза“, „Изгрев“, „Албатрос“, „Бумеранг“…
Нича пак во фокусот на јавноста беше откако се пожали дека обвинителката Вилма Русковска му се заканила дека: „ќе те истресам од гаќи“, откако тој на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и определи домашен притвор во случајот „Рекет“.
За Милева, телевизијата Телма објави дека е сопруга на Игор Милев, поранешен адвокат на поранешниот премиер и поранешен лидер на СДСМ, Зоран Заев, во случаите кои ги формираше Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), кога со него раководеше Сашо Мијалков. Според телевизијата, Милев бил и член на СДСМ.
Таа на јавноста и е позната и по барањето за изземање за случајот „Поткуп“, во кој обвинет беше Заев, а еден од неговите адвокати беше нејзиниот сопруг.
Милева, Беџети и Ристов беа дел од кривичниот Совет на Апелација, кој лани во декември го ослободи од притвор Мијалков, откако ја прифати гаранцијата од над 11 милиони евра во недвижен имот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ