Радмила Шекеринска стана заменик генерален секретар на најмоќната алијанса во светот, НАТО.
Таа е прв македонски политичар кој стигнал до толку висока позиција и прва жена во регионот на Западен Балкан која станала дел од раководството на Алијансата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радмила Шекеринска стана заменик генерален секретар на НАТО
Нејзиното назначување на оваа функција е топ тема во македонската јавност, но и во светските и регионалните медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарските медиуми во неверување дека Шекеринска стана втор човек на НАТО, а не Бугарката Габриел
Какво образование има
Магистрирала на престижната школа за дипломатија и право „Флечер“ во САД во 2007 година и се стекнала со називот Магистер по меѓународни односи.
Дипломирала на Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1995 година.
Работно искуство
На почетокот на својата работна кариера од 1997 до 2002 година работела како асистент на Електротехничкиот факултет.
Политичка кариера
Во мај 2017 година стана министер за одбрана. На првата седница на Владата беше избрана и за потпретседател.
На истата позиција беше избрана и во 2020 година, а за време на нејзиниот мандат Македонија стана членка на НАТО.
Беше и пратеник во рок од четири мандати.
Била и раководител со Националниот совет за европски интегации од основањето во 2008 до 2014 година.
Во 2009 и 2012 беше Шеф на набљудувачките мисии на ОБСЕ/ОДИХР за претседателските и парламентарни избори во Киргистан и во Ерменија.
Во 2008 година беше избрана за еден од потпретседателите на Социјалистичката интернационала (СИ), функција што ја обавуваше до 2011 година.
Беше и член на Претседателството на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) која ги обединува социјалдемократските, социјалистички и лабуристички партии во Европа.
Од 2002 година до 2006 година беше заменик претседател во Владата, задолжен за европска интегација и координатор за странска помош.
Во ноември 2006 година беше избрана за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Република Македонија (СДСМ), а таа функција беше до 2008 година. Со тоа стана единствената жена која досега раководела со една од најголемите политички партии во Македонија.
Во СДСМ беше и заменик претседател, а пред неколку години целосно се повлече од политиката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шекеринска добила подршка од Владата, ама не доби и честитка
Фото: Шекеринска/Фејсбук