еМагазин
Image default
Бизнис

Колкави приходи оствариле лани Телма, Сител, Алсат-М, Канал 5 и Алсат М

Во 2021 година, заедничките приходи на терестријалните телевизии кои емитуваат програма на територијата на целата држава: Телма, Сител, Канал 5, Алсат Ми Алфа, значително се зголемиле во однос на претходната година (за 24%) и оваа година изнесуваат 1.200,01 милион денари, стои во Анализата на Агенцијата за аудио и аудиовизулени медиумски услуги.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алсат-М лани со најголема добивка, колкава е добивката на Сител, Канал5, Алфа и Телма

“Пораст на вкупните приходи има кај сите пет телевизии, но најголемо зголемување има кај Алсат М – за 31% и кај Алфа – за 30%.

Приходите на Сител се зголемиле за 25%, на Канал 5 за 22% и на Телма за 12%.

Во вкупните приходи на овие телевизии е опфатена и финансиската помош од државата, во висина од 41,9 милиони денари за сите пет телевизии, како поддршка за справување со кризата од пандемијата од вирусот Ковид-19, обезбедена за реализација на мерката 3 од Петтиот пакет економски мерки (по 2,78 милиони денари за секоја телевизија за надомест на трошокот за дозволата за емитување и по 5,6 милиони денари за надомест за трошокот за пренос на сигналот преку терестријалниот дигитален мултиплекс).

Покрај тоа, освен ТВ Алсат-М, останатите четири телевизии користеа и субвенции за придонеси од плата за вработените во вкупен износ од 18,89 милиони денари“, стои во Анализата.

ТВ Алфа е единствената телевизија којашто прикажала приходи од продажба на содржини.

“Во периодот од 2017 до 2021 година, највисоки вкупни приходи телевизиите Алфа, Алсат-М и Канал 5 оствариле токму во анализираната година, Сител во 2019 година, а Tелма во 2017 година.

Економските податоци за овие пет телевизии покажуваат дека тие генерално се финансираат од продажба на времето за рекламирање, освен Алфа, кај која доминантен извор на финансирање во 2021 година била продажбата на содржини.

Приходите од рекламирање изнесувале 1,003.28 милиони денари, што претставува 83,6% од вкупните остварени приходи. Во овој износ се вклучени и приходите коишто петте телевизии ги оствариле од платено политичко рекламирање за време на локалните избори во 2021 година, во вкупен износ од 108,51 милион денари (од кои Канал 5 остварила 30,73 милиони денари, Алсат-М 28,89 милиони денари, Сител 27,48 милиони денари, Телма 13,57 милиони денари и Алфа 7,84 милиони денари).

Без нив, стапката на раст на приходите само од комерцијално огласување е 17,41% повисока отколку во 2020 година.

Не е неочекувано што приходите од реклами во 2021 година се повисоки отколку во претходната година, поради фактот што најголемиот удар врз индустријата пандемијата со Ковид 19 го имаше во 2020 година.

Во периодот од 2017 до 2021 година, Сител секогаш имала најголем удел во вкупните приходи од реклами кои ги остварувале петте терестријални телевизии, а речиси двојно помалку секоја година имала Канал 5.

Оваа година, пад на уделот во приходите од рекламирање има кај Алфа – од 12% на 5%, и кај Телма – од 12% на 10%, а уделот на останатите три телевизии се зголемил за по два процентни поени“, стои во Анализата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кичевски Жито Караорман, кој го презема Селаудин Арифи, Берзата го стави на „Листата за набљудување“

Редакција

„Аџибадем Систина“ отвора педијатриски ковид-центар

Редакција

Кои се членови на Одборот на директори на Тетекс

Редакција