Според Светската здравствена организација, оваа ретка вирусна инфекција се манифестира со треска, осип, и отечени лимфни јазли, а во ретки случаи, може да доведе до бројни медицински компликации.
Повеќето луѓе имаат поблаги симптоми и заздравуваат за неколку недели. Но, не е исклучена и тешка форма на болеста, особено кај лица кои имаат едно или повеќе хронични заболувања или нарушување на имунитетот од различни причини.
Мајмунските сипаници се пренесуваат преку близок контакт со заразено лице, животно или материјал контаминиран со вирусот и се во групата на малите сипаници.
За мајмунски сипаници постои лекот тековиримат, но тој се уште не е достапен во голем број на држави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во се поголем број држави во светот се појавуваат случаи со мајмунски сипаници
Фото: Unsplash