еМагазин
Image default
Бизнис

Комерцијална банка ја реализираше првата трансакција со хартии од вредност во странство

Дирекцијата за вршење услуги со хартии од вредност, при Комерцијална банка АД Скопје успешно ја реализираше првата трансакција со хартии од вредност на странски пазар, информира банката преку Македонската берза.

„Во рамките на предвидениот рок (Т+2) трансакцијата беше и успешно порамнета од страна на Дирекцијата за вршење старателски работи.

Оваа трансакција беше извршена за постоечки клиент, за кој беше проследен и реализиран налог на германската берза Xetra за купување обични акции. Вкупната вредност на трансакцијата изнесуваше 30.110 евра. На 17.07.2019 е реализиран и налог на физичко лице за купување обични акции на Xetra во вкупна вредност од 4.678 евра“, информираат од банката.

Оттаму додваат дека Комерцијална банка со оваа трансакција потврди дека за краток период ги воспостави системските услови и законски предвидените процедури за тргување со хартии од вредност во странство по налог на домашни и на странски физички и правни лица.

„Брокерските и старателските услуги од Комерцијална банка се достапни за вршење трансакции на која било регистрирана берза во светот, при што за клиентите се обезбедени сите потребни информации за условите и трошоците за спроведување на бараната трансакција“, велат од банката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лотарија на Македонија лани со зголемена добивка

Редакција

Колкави трошоци лани имале радиостаниците Антена 5, Канал 77, Метрополис и Јон

Редакција

Велешки Димко Митрев со намалена добивка во првите шест месеци

Редакција