Комерцијална банка АД Скопје преку Македонската берза ги известува своите акционери дека врз основа на Уредба со законска сила за примена на Законот за трговските друштва за време на вонредна состојба донесена од страна на Владата одржувањето на Собранието на Банката, закажано за 02.04.2020 година, се одложува за време на траењето на вонредната состојба.
„Исто така, известуваме дека врз основа на препораките на Комисијата за хартии од вредност на РСМ за учество и гласање на Собранието по пат на писмена кореспонденција, заклучно со 27.03.2020 година, 52,92% од акционерите гласале за предложените одлуки од Дневниот ред на Собранието. По завршување на вонредната состојба Комерцијална банка АД Скопје ќе објави нов датум на одржување односно продолжување на закажаното Годишно собрание“, соопшти банката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Адора Инженеринг“ купи 10.592 акции од „Комерцијална банка“
Граѓаните „чуваат“ 1,2 милијарди евра во Комерцијална банка