еМагазин
Image default
Македонија

По синоќешниот земјотрес, Општина Битола ќе бара помош од Владата

На денешната седница на Советот на Општина Битола беше предложено да се формира комисија за проценка на штетите во однос на синоќешниот земјотрес, составена од стручни служби од Општина Битола, потпомогнати од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИС), информираат од Општината.

„Заклучено е итно да се формира комисија која ќе излезе на терен. Испраќам и апел до граѓаните, сите штети кои ги имаат да ги пријават до општината, на контактите кои дополнително ќе бидат објавени,“ изјави градоначалникот Тони Коњановски.

Претседателката на Советот, Габриела Илиевска информираше дека по донесување на заклучок, истиот ќе се достави до Владата и ќе се бара одржување на итна седница, на која ќе се разгледа состојбата во Битола.

„Ќе побараме и самата Влада да излезе во пресрет на она што и се случи на Битола. Колкави се штетите не знаеме се уште. Но, во Битола имаме големи институции: болници, градинки, суд, објекти кои се под заштита и сметам дека и таму ќе треба да се предвидат големи финансиски средства, бидејќи нивната реконструкција ќе чини повеќе, бидејќи дел од нив се стари градби.

Затоа сметаме дека треба да побараме ваква седница, каде државата ќе излезе во пресрет за нашиот град, бидејќи сметаме дека Битола, мора во најкус можен рок да ги санира штетите кои и се случија минатата ноќ“, изјави Илиевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По синоќешниот земјотрес превентивно затворена детска градинка во Битола

Детали за земјотресот од Сеизмошока опсерваторија при ПМФ

Фото: Општина Битола

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи досега не ги спомна жртвите од гранатирањето од страна на украинските сили, реагираат од Амбасадата на Русија

Редакција

Раст од 13,3%: Минатата недела 17 лица починале од Ковид-19

Редакција

Никица Корубин од ЛДП ќе делува како независен пратеник

Редакција