еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Комуналните служби во Бугарија заинтересирани за возилата Грин Машинс на Брако

Комуналните служби од повеќе општини во Бугарија покажаа голем интерес за возилата за одржување комунална хигиена на Брако, изложени на саемот „Општинско Експо 2022“, кој се одржа во градот Албена, информираат од компанијата.

-Брако ги изложи двата најпродавани модели на Грин Машинс – електричните модели GM400ze и GM500ze, за кои присутните оценија дека се исклучително модерни и ефикасни возила за одржување на хигиена во урбани средини.

Покрај квалитетот, обезбедениот сервис и поволните цени, како важна предност пред другите понудувачи посетителите го сметаа и тоа што Брако го гарантира рокот на испорака на нарачаните возила, што во услови на актуелната криза е нешто што многу понудувачи не можат да го гарантираат од различни причини, велат од компанијата.

На „Општинското Експо 2022“ изложуваа 40-ина компании кои презентираа интегрирани и иновативни решенија во областа на јавните работи и урбаната инфраструктура, екологијата и енергетската ефикасност, комуникациите, размената на податоци и развој на софтверски решенија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Достоинство на Стојанче Ангелов ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ, излезе од коалицијата со СДСМ

Редакција

Јавниот превоз за празниците ќе функционира по неделен возен ред

Редакција

Иван Туџаров не е повеќе управител на Реплек Фарм

Редакција