еМагазин
Image default
Бизнис

Mажите да се пензионираат од 59 до 61 година, а жените од 57 до 59 предлага Конфедерација на слободни синдикати

За Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) е прифатлив моделот за предвремено пензионирање, но предлага старосната граница за пензионирање да биде од минимум три до пет години односно од 59 до 61 година за мажи и од 57 до 59 години за жени.

– Доколку работниците предвремено одат во пензија, процентот ќе им биде намален поради годините од предвремено пензионирање, според процентот на годините стаж, но штом ја исполнат старосната граница пензионерите да си ја добијат пензијата во полн износ, исто како да ја исполниле старосната граница од 64, односно 62 години, предлагаат од КСС.

Синдикатот бара да се изнајде и начин за да бидат обештетени оние работници кои ја изгубиле работата по било кој основ, бидејќи, како што посочува КСС, тоа се луѓе кои немаат никакви финансиски приливи и не можат да ги платат режиските трошоци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Виз ер“ не најавил повлекување од македонскиот пазар

Редакција

Горивата поскапуваат од половина до еден денар за литар

Редакција

Нобеловецот Кругман од Скопје ни порача да си ги поправиме патиштата ако сакаме инвестиции

Редакција