еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Корона вирусот удри по трговијата: Пад на македонскиот извоз

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во периодот јануари ‒ март 2020 година, изнесува 1,4 милијарди евра и бележи пад од 8.2 % во однос на истиот период од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1,9 милијарди, што е за 3.6 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари ‒ март 2020 година, изнесува 510.628.000 евра.

Покриеноста на увозот со извоз, во перидот јануари ‒ март 2020, изнесува 73.4 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица.

Во увозот се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во периодот јануари ‒ март 2020 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Светска банка: Корона вирусот ќе ја однесе во рецесија македонската економија

Корона кризата удира: Намален бројот на работниците во индустријата

Корона кризата удира: Голем пад на индустриското производство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ пет најниски плати

Редакција

Најниски просечни нето-плати во февруари

Редакција

Во петок или недела ќе се знае кои видови зеленчук и овошје ќе бидат со замрзнати цени

Редакција