еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ковачевски неможел да коментира за скандалозната снимка со Џафери, оти не гледал кој со кого зборува

Премиерот Димитар Ковачевски ја погледнал снимката на која се слуша гласот на претседателот на Собранието, Талат Џафери, но не може да ја коментира зашто, како што изјави денеска, од неа не се гледа ниту кој разговара, ниту со кого разговара.

-Таа снима ја погледнав, но се работи за некаков разговор на кој не се гледа ниту кој разговара, ниту со кого разговара. Затоа, од таа причина не можам да коментирам дали претседателот на Собранието разговара со некого во сала, дали е тој вработен или не е.

Навистина не можат да дадам конкретен одговор зашто на снимката не се гледа кој зборува и со кого зборува, кусо одговори Ковачевски на новинарско прашање по посетата на фабриката „Брако“ во Велес.

Во јавноста вчера излезе снимка на која се слуша Талат Џафери како разговара со вработени во Собранието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Аудио) Објавена снимка во која Џафери вика и пцуе по вработени во Собрание, ВМРО ДПМНЕ бара оставка

МИА/Фото: Џафери/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКСКЛУЗИВНО Лидл купи парцели и во Тетово и Кичево

Редакција

Уште тројца вработени во затворот Идризово се суспендирани поради бегството на Мемети

Редакција

Одложени состаноците на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ на кои се очекуваше Заев да поднесе оставка

Редакција