еМагазин
Image default
Македонија

Ковачевски утре на состанок кај Петков во Софија, со лидерите на земјите-членки на НАТО од Југоисточна Европа

На покана на бугарскиот премиер Кирил Петков, утре во Софија ќе се одржи состанок на лидерите на земјите-членки на НАТО од Југоисточна Европа.

На настанот ќе присуствуваат премиерите на Романија, Република Северна Македонија и Црна Гора – Николае Чука, Димитар Ковачевски, Здравко Кривокапиќ, соопшти службата за информирање на бугарската Влада.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, премиерите ќе разменат мислења за последиците од конфликтот во сферите на безбедноста, енергетиката и економијата на краток, долг и среден рок.

Во центарот на дискусиите ќе бидат дискусиите за регионот од војната во Украина.

Петков, Ковачевски, Чука и Кривокапиќ ќе разговараат за импликациите врз безбедноста, енергетиката и економијата на краток, долг и среден рок.

Во овој контекст, акцент ќе биде ставен и на зајакнување на координацијата и соработката во Југоисточна Европа за справување со заедничките предизвици.

По завршувањето на работната сесија, учесниците на состанокот треба да имаат брифинг со медиумите.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За тие што имаат автомобили со бугарски таблички: До 6 месеци возилата може да престојуваат во Македонија и да не плаќаат давачки

Редакција

Лога и Села контра Таравари на изборите Алијанса за Албанците да настапи со албанската опозиција, Меџити го поддржува

Редакција

Бугарските навивачи провоцираа во Чаир, вели Спасовски

Редакција