еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Ковид-19 ги „кутна“ нафтените компании од Македонската берза, но ќе преживеат

Забележително намалување на добивката има кај компаниите од Македонската берза кои се дел од нафтената индустрија во земјава. „Макпетрол“, „Оилко“ и „Окта“ силно ги почувствуваа негативните последици од кризата предизвикана од Ковид-19 и пред се од рестриктивните мерки во првото полугодие од годинава.

Сепак, трите компании работат со добивка.

„Макпетрол“ АД Скопје во периодот јануари-септември оствари добивка од 221.386.000 милиони денари, што е намалување за 61,75 отсто во однос на истиот период минатата година кога добивката на компанијата изнесувала 578.758.000 денари.

Во образложението на финансиските резултати за првото полугодие од годинава компанијата соопшти дека основна причина за намалување на остварените приходи и добивката е намалување на прометот на стоки и услуги со почнување на епидемијата, односно пандемијата предизвикана од заразата со вирусот Ковид–19.

„Со воведувањето на полицискиот час и со останатите рестриктивни мерки, „Макпетрол“ АД Скопје, се соочи со пад на потрошувачката во сите сегменти од своето работење.

Истакнуваме дека најнегативно влијание на воведените мерки се искажа кај прометот, односно извозот на млазното гориво кое што, со мерката за затворање на аеродромите, од 12.210 тони во првото полугодие од 2019 година се намали на 4.903 тони во првото полугодие од 2020 година.

Со тоа и приходите од продажба на странски пазар се намалени од 561,1 милион денари во 2019 година на 196,1 милион денари во 2020 година од извештајниот период. Можеме да заклучиме дека друштвата, со големиот ангажман на менаџментот, како и на сите вработени, обезбедија услови за рентабилно работење“, пишува во образложението на консолидираниот извештај за првото полугиде од годинава.

Ваквите трендови ги почувствува и „Оилко“ КДА Скопје, компанија која се занимава со транспорт на нафтени деривати главно за потребите на „Макпетрол“.

Во периодот јануари-септември, компанијата оствари добивка од 75.411.000 денари, што е намалување за 10,48 отсто во однос на истиот период минатата година кога добивката изнесувала 84.242.000 денари.

„Друштвото не ги остварува планираните параметри и очекува дека истата тенденција ќе продолжи со оглед на тоа дека глобалната здравствена пандемија сеуште трае а нејзината големина и непредвидливост остава голема неизвесност за попрецизни предвидувања за остварување на планираните активности на друштвото“, се вели во образложението за финснсиското работење за првото полугодие од годинава.

Драстично намалување на добивката имаше и ОКТА АД Скопје. Оваа компанија во периодот јануари-септември оставри добивка од 65.285.327 денари што е пад од 59,62 отсто во однос на истиот период минатата година кога добивката изнесувала 161.680.259 денари.

„Долготрајните ефекти од сè уште актуелната криза предизвикана од Ковид–19, што доведе до  значително намалување на глобалните економски активности во последните неколку месеци, продолжија да ги ставаат на предизвик сите сегменти во деловниот свет, не исклучувајќи ја ниту нафтената индустрија.

Мерките за ограничување на прекуграничното движење, наметнати како  одговор на проширувањето на Ковид-19, предизвикаа намалување на побарувачката на гориво. Ова особено се однесува на транзитот на туристи, кој претходните години го достигнуваше сезонскиот врв во третиот квартал, целосно исчезна додека во исто време авионскиот сектор беше сериозно погоден преку значителен пад на воздушниот сообраќај.

ОКТА успешно се справи со предизвиците со кои се соочи во услови на несигурно пазарно опкружување кое постојано се развива, потпирајќи се на позитивните резултати од воспоставената стратегија.

ОКТА постепено да ги неутрализира ефектите од притисоците врз маржата. Како резултат на тоа, ОКТА го започна третиот квартал од 2020 година со значително зголемена профитабилност, главно водена од проактивното управување со контролата на трошоци, поддржано од позитивните ефекти од добиените тендери за снабдување на Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати, како и постигнувањето подобрена оперативна ефикасност“, пишува во образложението за работењето на компанијата заклучно со третиот квартал годинава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Мицкоски по лидерската: Нема мнозинство за уставни измени, логично е да одиме на предвремени парламентрани избори

Редакција

Само едно лице од повредените македонски државјани во Италија остана во болница

Редакција

Вицепремиерот Хазби Лика мераклија за кафеани и ресторани

Редакција