еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Пендаровски сподели сведоштво на докторката Оливера Зарковска: Вирусот е монструм, губиме пациенти за миг

Претседателот Стево Пендаровски по повод Меѓународниот ден на волонтерите на својот Фејсбук-профил објави потресно сведоштво на доктор Оливера Зарковска, специјалист интернист која работи во поликлиника во Шуто Оризари.

„Со почетокот на пандемијата таа се пријави како волонтер и за време на викендите покрива дежурства во Ковид центарот на Гастро и Нефрологија. Апелира да се внимава зошто факт е дена умираат и млади и стари. Вакво нешто, вели, нема видено, а вирусот е монструм.

Поддршка за сите храбри волонтери. Тоа се нашите херои“, напиша Пендаровски.

Инаку, Зарковска сведочи дека вирусот е непредивдлив и дека за миг се губат пациенти кои биле подготвени за пуштање дома како излечени.

Видеото од разговорот со Зарковска ОВДЕ.

Фото: Фејсбук/Пендаровски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Во 2020 година имало 55.444 казни по сите основи во сообраќајот, лани нивниот број пораснал на 240.871

Редакција

Трагедија во Шутка: Братче и сестричка изгореа во пожар што ја зафати нивната куќа

Редакција

Жичарницата на Водно од 1 октомври со ново работно време

Редакција