еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Kовид-19 сè уште е глобална вонредна состојба, велат од СЗО

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека Kовид-19 сè уште е глобална вонредна состојба, речиси две до две и пол години откако првпат беше прогласена.

Комитетот за вонредни состојби, составен од независни експерти, во соопштение потенцира дека зголемениот број случаи, постојаната еволуција на вирусот и притисокот врз здравствените услуги во голем број земји значат дека состојбата сѐ уште е вонредна.

„Бројот на случаи пријавени во СЗО се зголеми за 30 отсто во последните две недели, иако зголемениот имунитет на населението, главно благодарение на вакцините, значително ги намали хоспитализирањата и смртните случаи“, се вели во соопштението на одборот.

– Ковид-19 е далеку од завршен. Додека вирусот нѐ притиска, ние мора да го потиснеме, рече генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус на виртуелна прес-конференција во Женева.

Поради Kовид-19, на 30 јануари 2020 година, Светската здравствена организација првпат прогласи највисоко ниво на предупредување, познато како јавна здравствена вонредна состојба од меѓународен интерес.

Таквата одлука може да помогне да се забрзаат истражувањата, финансирањето и меѓународните јавно-здравствени мерки за борба против болеста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Табела) Најголем дел од новозаразените со Ковид-19 се на возраст од над 60 години

За една недела бројот на новозаразени со Ковид-19 пораснал за 80%

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

УЕФА не е ни прва, ни последна која ќе не нарекува „Северномакедонци“

Редакција

(Видео) Кинески балон лета над САД: За Американците е шпионски, Кинезите велат дека е метеоролошки уред

Редакција

Автобусите од Бугарија треба да се спречат да дојдат, ако се соберат и македонските граѓани ќе биде циркус, вели Јакимовски

Редакција