На 19.08.2019 во 22.15 часот на Граничниот премин Табановце, при пасошка контрола било констатирано дека М.Р.(26) од Кратово е предмет на потрага за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, информира МВР.
Лицето било лишено од слобода и предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.