еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава за гинеколог од Велес која зела поткуп, па се пишманила

Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против С.Д.(58) од Велес за сторено кривично дело „примање поткуп”, информира МВР.

На 07.06.2018 година во Велес, во ЈЗУ Општа Болница Велес, пријавената, вработена како гинеколог – акушер во наведената болница, од В.П., побарала 50 евра без напомена за каква здравствена услуга се наменети, по што сопругот на В.П., и го дал на истата, бараниот износ.

По ова, наведениот паричен износ не бил наведен во фискалната сметка за здравствените услуги на оштетената. На 26.06.2018 година во Велес, пријавената и нејзиниот сопруг, го убедувале сопругот на В.П. да ја повлече пријавата, при што му вратиле 50 евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жител на Кочани „збеснал“ во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи

Редакција

Приведен дрвокрадец од Кичево кој нападнал шумски полицајци

Редакција

Притвор за работникот што си го уби газдата Холанѓанец

Редакција