еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава за поранешен секретар на Општина Сопиште

Против Б.Д.(69) од Скопје, поранешен секретар на Општина Сопиште, поднесена е кривична пријава од страна на Секторот за внатрешни работи Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, казниво по член 353 од Кривичниот законик.

Како што соопшти МВР, пријавениот, како службено лице, секретар на општината, во текот на 2012 година, иако знаел дека согласно член 392 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата општината не е надлежен орган за утврдување на режимот на сообраќај и за издавање на „Согласност за приклучување кон регионален пат“, во име на општина Сопиште изготвил и со свој потпис и печат на општината заверил и издал „Сообраќајна согласност“ на правно лице од село Батинци, како концесионер на концесионото поле-варовник на локалитетот „Јаболци“.

-Така изготвената и издадената документација за добивање на Дозвола за експлоатација согласно член 55 од Законот за минерални суровини, од сопственикот на правното лице била употребена и приложена во прилог на поднесеното Барање до Министерството за економија.

Од извршениот увид и преглед на податоци на извршена експлоатација било утврдено дека правното лице прибавило противправна имотна корист во износ од 35.641.056 денари, наведуваат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кумановец сакал да силува сограѓанка со закана со нож

Редакција

Полубрат со нож и одзел 500 денари на скопјанка

Редакција

Три пожари во скопско: Изгореа работлница, хангар и барака

Редакција