еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава за сопственик на угостителски објект кој работел по полноќ

СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.Д.(23) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија’’, информира МВР.

На 10/11.10.2020 пријавениот не се придржувал кон протоколот за отворање и работа на кафетерии, објавен во „Службен весник“ од 05.10.2020 и во периодот од 23.20 до 00.30 часот во угостителски објект, во негова сопственост, полициски службеници затекнале десет лица, од кои пет малолетни, кои консумирале алкохол, а во футролата од мобилниот телефон на пријавениот била пронајдена и прашкаста материја.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гореше „пасат“ во Скопје

Редакција

Со „Пасат“ удрил во жена во Струга

Редакција

Прегазено четиригодишно дете во Струмица, возачот побегнал

Редакција